Зеленски ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација, ги разреши воените комитети
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја продолжи вонредната состојба и општата мобилизација за 90 дена, објавено е на веб-страницата на Врховната Рада.
Зеленски ги потпиша законите за продолжување на вонредната состојба и општа мобилизација до 15 ноември, пренесува Укринформ.
Украинските власти воведоа вонредна состојба на 24 февруари 2022 година, истиот ден кога започна нападот на Русија врз таа земја. Следниот ден Зеленски го потпиша указот за општа мобилизација.
Зеленски денеска ја потпиша и одлуката за разрешување на регионалните воени комитети, со што ја спроведува одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана од 11 август, пренесува Униан.
Со таа одлука, Советот за национална безбедност ги повика службите за спроведување на законот во рок од еден месец да преземат дополнителни мерки за сузбивање на корупцијата и другите кривични дела на службеници во територијалните центри за регрутирање.
Ново на Сител
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор
-
Шукова уште пред 3 месеци се самокандидирала во СДСМ за Скопје
-
Преглед на вестите од светот
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Тема на денот со Горан Марковски, декан на Градежниот факултет
-
СДСМ ја кандидира Каја Шукова за градоначалник на Скопје
-
Вештачката интелигенција од септември ќе се применува во средните училишта во Македонија