Зелените бараат четири портфолија во идната Европска Комисија
Европските Зелени и поставуваат ултиматум на новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, за да може да смета на нивната поддршка во Европскиот Парламент.
Ко-претседателот на партијата на Зелени во Европскиот Парламент, Филип Ламбертс, денеска за медиумите изјави дека “не може да сметате на Зелените за да добиете мнозинство во парламентот без да бидеме во комисијата, ако нѐ сакаат, нека нѐ платат“.
Групата на Зелените во Европарламентот вчера гласаа против изборот на Урсула фон дер Лајен, но остварија забележливи резултати на европските избори во мај.
Според математиките во партијата изборниот резултат им дава право на четири еврокомесари во идниот состав. На последниот самит на шефови на држави и влади, претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск, исто така ги повика идните лидери да им дадат поголемо место на зелените во ЕК од ноември. Зелените не добија ниту една од четири водечки функции на ЕУ што ги договараа лидерите.
По вчерашното гласање за новата претседателка на ЕК, зелените преку соопштение оценија дека таа не ги задоволува барањата на партија во однос на посветеноста кон борбата против климатските промени, но сепак го поздравија нејзиниот про-европски ангажман и порачаа дека се подготвени да соработуваат со неа.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање