Македонија
15. јуни 2016 - 12:36

„Зелена недела“ во Кочани

Во организација на ЕУ инфо точка и општина Кочани до крајот на неделата во општината со повеќе активности  ќе се спроведува акцијата „Зелена недела“, која има за цел зголемување на свеста кај децата и кај младите за еколошките проблеми со кои се среќаваат.
 
Манифестацијата има едукативен карактер и се состои од предавања во повеќе средини и практичен дел на терен.
 
- „Зелената недела“ ја започнавме  со најмладите од Детската градинка „Павлина Велјанова“ од Кочани за справување со отпад, како и начинот на негова реупотреба или селектирање. Со децата од 12 години работиме на едукација за штедење енергија, изјави Гоце Серафимов од ЕУ точката во општина Кочани.
 
Тој информираше дека во наредните денови на терените околу вештачкото езеро Градче крај Кочани  група младинци ќе работат во рамки на работилницата за осознавање на природата, а во градинката „Павлина Велјанова“ ќе биде поставен колектор за топла вода.