„Зелена лупа“ го поздрави обидот за влез во Врховен суд за увид во „Тврдина“ и „Таргет“
Здружението за истражување, анализи и развој „Зелена лупа” како иницијатор за поведување постапки пред Советот за утврдување на фактите против судиите инволвирани во случаите „Таргет“ и „Тврдина“ го поздравува отпочнувањето на постапката за утврдување на нивната одговорност и обидот за влез на членовите на Советот во зградата на Врховниот суд.
Откако претседателот на Врховен суд Јово Вангеловски забрани членовите на Советот за факти да извршат увид во наведените предмети, од „Зелена лупа“ прашуваат од што се плаши Вангеловски и зошто ја активирал судската полиција да не им се дозволи на членовите на Советот да влезат во зградата на Врховниот суд и извршат увид во предметите ако постапувал согласно законите во случаите „Таргет“ и Тврдина“.
„Зелена лупа“ потсетува дека на 10 август по консултации со експертскиот тим поднесе кривични пријави и иницијативи за одговорност за судиите: Ленка Давитковска, Татјана Михајлова, Дијана Груевска, Лилјана Шопова, Сафет Кадриу, Цветанка Периќ, Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеновски и Џемаил Саити, сите инволвирани во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.
- „Зелена лупа”, членовите и експертскиот тим се горди што по легален пат први почнаа да го рушат судско-мафијашкиот систем кој им натежна на граѓаните на Република Македонија, пишува во соопштението на Здружението за истражување, анализи и развој „Зелена лупа”.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари