Македонија
4. April 2019 - 22:49

Зекири: Размислувам да поднесам барање за смена на Талат Џафери

Во вечерашната дебата на Вести24, пратеникот и потпретседател на СДСМ, Мухамед Зекири, изјави дека Талат Џафери треба побрзо да се освести што прави како претседател на Собранието, да не тера личен инает, а особено со постапките за (не)гласање за имунитетот на Трајко Вељаноски и со контрирањето на министерката Рената Дескоска за незакажување на седница за СЈО во време на изборната кампања.
 
Мухемед Зекири изјави дека размислува да поднесе барање за смена на Талат Џафери од местото Претседател на Собранието и додаде дека ќе го држи за збор пратеникот Антонио Милошоски, кој рече дека ќе ја поддржи таквата интерпелација доколку биде поднесена од страна на СДСМ.
 
Аријанит Хоџа, претставникот на БЕСА, од своја страна дека СЈО разочарало многу граѓани кои не гласале за повторно да владеат ДУИ и СДСМ, туку гласале со надеж дека СЈО ќе биде на ниво на задачата да се гони секој поголем криминал и корупција, без политичка селективност.
 
БЕСА во принцип го поддржува новиот закон за обвинителство, но не безусловно, и не без да го види текстот на законот кој го усогласиле владините коалициони партнери од СДСМ и ДУИ, изјави Хоџа.