Џет-Сет
15. August 2016 - 19:37

Зејн Малик сними едиторијал за „Џи-Кју“

Откако го напушти бој бендот „Уан Дирекшн“, Зејн Малик започна успешна соло кариера, а за него дополнително почна да се говори откако започна врска со манекенката Џиџи Хадид.

Зејн Малик 5

За да не остане покусо од својата девојка, Зејн се впушти и во манекенските води, па сними едиторијал за новиот број на магазинот „Џи-Кју“, на кој може да се види дека некогашната тинејџерска ѕвезда, сега станал вистински маж.

Зејн Малик 2

На серијата фотографии Зејн не пропушти ни да ги покаже мноштвото тетоважи по неговото тело, од кои, како што тврди, станал зависник.

Зејн Малик 3

Во интервјуто за „Џи-Кју“ Зејн вели дека точно знае што сака и едноставно не прифаќа компромиси, било да станува збор за љубовниот живот, било за музиката.  

Зејн Малик 4

Зејн ја започна врската со Џици на почетокот на годинава, а пред тоа беше верен со неговата колешка Пери Едвардс. Веридбата меѓу Зејн и Пери беше раскината некаде во исто време кога пејачот ја напушти групата „Уан Дирекшн“.