Свет
12. October 2016 - 12:31

Зеид: Изборот на Трамп за претседател на САД ќе биде опасно за светот

Доколку републиканскиот кандидат Доналд Трамп биде избран за нов американски претседател тоа ќе биде „опасно од меѓународна гледна точка“, изјави денеска високиот комесар на ОН за бегалци, Зеид Раад ал Хусеин.

Изјавите на Трамп за ранливите заедници и коментарите за мачењата, Зеид ги окарактеризира како „длабоко вознемирувачки“.

- Доколку Трамп биде избран, врз основа на тоа што веќе го кажа и доколку тоа не се промени, мислам дека тоа ќе биде опасно од меѓународна гледна точка, рече Хусеин во Женева.