Зехофер: Да остане и да се прошири контролата врз границите на Германија
Новиот германски министер за внатрешни работи Хорст Зехофер сака контролата врз германските граници да се задржи на неопределено и да се прошири на останатите премини со што државата практично излегува од Шенгенскиот систем, објави Велт ам Зонтаг.
– Контролите врз границите кон соседите мора да останат толку долго на сила додека на Европската унија не и појде од рака ефикасна заштита и контрола на надворешните граници. Но, не гледам дека тоа во догледно време да успее, изјави Зехофер во интервју за весникот.
Тој најави дека контролите би требало да бидат проширени и на останатите германски гранични премини.
– Моментно не се многу гранични премини во Германија трајно контролирани. Мораме да зборуваме за тоа - може ли тоа така да остане. Не се работи само за спречување илегални преминувања на границите туку и за останатите заштитни функции, изјави Зехофер.
Шенген-системoт на германско бараање сега е укинат само на германско-австриската граница и на барање на Данска, на германско-данската границ
Ново на Сител
-
Две лица загинаа кога воен авион се запали и се урна во близина на Алјаска | ВИДЕО
-
Кампањата на Бајден продолжува да го користи ТикТок иако тој потпиша нацрт-закон за забрана на апликацијата
-
Повеќе скопски општини без струја
-
ОБСЕ/ОДИХР ќе ги соопшти првичните оценки за изборите
-
30 години Тинекс
-
Силјановска Давкова победи во 60 општини, Пендаровски во 3, Османи во 15, Таравари и Димитриевски во по една
-
Силјановска Давкова и Пендаровски во вториот круг претседателски избори
-
Првични резултати на ДИК