Бизнис
20. August 2018 - 19:41

Здруженија на граѓани поднесоа предлог закон за отпис на долгови

Граѓански здруженија бараат отпис на долговите на граѓаните. Конфедерацијата на сидникални организации и здрженија, „Човекот над профитот“, Но пасаран“ и „Гласен текстилец“ поднесоа предлог-закон со кој бараат отпишување на долговите за комунални услуги на над 85 илјади семејства почнувајќи од 31 декември 2014 година.

Велат дека на тој начин ќе се олесни буџетот на граѓаните и ќе се забрза платниот промет во земјата.

Од здруженијата велат дека не се согласуваат со законското решение што беше предложено од неколку пратеници, каде што се предвидува да се отпишат само каматите, но не и наплатувањата на нотарите или извршителите.

Македонија се наоѓа на трето место во Европа и Централна Азија според процентот на население што живее во модерно ропство. Полошо е само во Туркменистан и Белорусија. Тоа е состојба на екплоатација која личноста не може да ја напушти или одбие, објави „Рефлектор“. Модерното ропство опфаќа должничко ропство, принудна работа, присилни бракови, пракси кои наликуваат на ропство и криумчарење на луѓе.