Македонија
20. October 2018 - 17:50

Здружението на пензионери – Карпош одбележа 40 активна работа

Здружението на пензионери – Карпош одбележа 40 години од своето постоење. Ова здружение во изминативе децении работи на подобрување на статусот на пензионерите и повозрасните граѓани на Карпош, нивна социјализација и меѓусебна комуникација, организирање на настани и други активности.

На настанот по повод овој јубилеј присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стефан Богоев и дел од членовите на Советот, Билјана Костова, Филип Даскаловски и Мики Филев.

Како што соопшти Општина Карпош, Богоев напомена дека како најмлад градоначалник во Република Македонија има чест да ја води Општината со најголем број возрасни граѓани.

– Дадената доверба значи обврска. Во изминатиов период покажавме дека ќе водиме еднаква грижа за сите пензионери. Тоа што го планираме за следната година е проектот за хумани патроли кој ќе овозможи помош и поддршка на пензионерите на кој им е најпотребно, здравствени прегледи или завршување на некоја секојдневна работа. Исто така, предвидуваме и отворање на повеќе пензионерски клубови, рече Богоев.

Претставниците од Здружението на пензионери, како што се посочува, се осврнале на повеќе актуелни прашања и потреби кои ги имаат, но се заблагодарија и за поддршката што ја добиваат од страна на локалната самоуправа.

Во текот на вчерашниот ден, Одделението за спорт и култура при Општината ги организираше и деветитте по ред „Спортски лиги“ за повозрасните карпошани.

Заедничка е заложбата за уште поголем број на активности меѓу Општина Карпош и пензионерските друштва, како и конкретни проекти кои ќе го подобрат животот на повозрасните карпошани, се наведува во соопштението.