-->
-->
Здружението на кардиолози предупредува - Доколку се избегнува глутенот без причина може да има сериозни последици по здравјето
-->

Веќе подолго време владее трендот за елиминација на глутенот од исхраната, но Американското здружение на кардиолози предупредува дека тоа може да има сериозни последици по здравјето.
Личноста која без никаква оправдана причина избегнува глутен е во поголем ризик од дијабетес тип 2, открија научниците.
Експертите од Универзитетот Харвард прегледаа три студии за влијанието на глутенот на здравјето на личностите кои не се алергични на тој протеин од житарките, кои опфатиле вкупни 200.000 испитаници.
Истите студии покажале дека кај лицата кои не се чувствителни на глутен и немаат целијакија, таа компонента на ниту еден начин не му штети на здравјето.
Научниците,имено, утврдија дека личностите кои ги фаворизирале производите без глутен, не внесувале доволно влакна во исхраната, а познато е дека намирниците богати со влакна ја намалуваат опасноста од развојот на дијабетес.
Нутриционистите предупредуваат и на многу високиот гликемиски индекс на храната без глутен, која е сиромашна со влакна, витамини и минерали. Тие предупредуваат и дека таквата заменска храна може да содржи бројни токсични адитиви.
Гликемискиот индекс ја категоризира храната според брзината на подигнување на нивото на глукоза, односно шеќерот во крвта. Храната со низок гликемиски индекс се вари подолго и затоа предизвикува помал пораст на нивото на глукоза во крвта, за разлика од оние со висок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
