Здружение „Рома С.О.С“: Ромите не се информирани за своите права
Во организација на Здружението на „Рома С.О.С“ од Прилеп, денеска се одржа третата сесија на таканаречениот „Ромски граѓански парламент“ составен од 40-тина истакнати членови на ромската заедница од тој град, кој ги третира проблемите со кои се соочуваат Ромите.
Несиме Салиоска од Здружението „Рома С.О.С“ истакна на денешната сесија биле третирале проблемите кои ги има ромската популација при остварувањата на правата при болничкото лекување.
На средбата беа присутни министерот без ресор Неждет Мустафа и претставници од Прилепската градска болница и Центарот за социјални работи од Прилеп. Салиоска рече дека Ромите не се информирани за своите права, а во поглед на болничкото лекување има проблеми.
- Авансното плаќање за отворање историја на болеста од 1.000 денари е финансиски проблем за Ромите, трудниците не ги знаат своите права, се јавуваат проблеми при евиденцијата на новороденчињата во матичната книга на родените, што е вина на родителите кои во рокот од 30 дена не ги пријавуваат, па потоа постапката е комплицирана и бара многу документација. Сето ова им го предочивме на надлежните институции кои пак се заложија дека ќе помогнат во решавањето на проблемите, посочи Салиоска.
Според директорот на Прилепската болница, Петар Ристески, оваа средба е во насока на поголемата информираност, посебно за трудниците од ромска националност.
- На средбата апелиравме за повеќе информации што се однесува до правата за болничкото лекување, особено за трудниците. Алармантен е податокот дека дури 50 отсто од трудниците од ромската популација немаат матичен гинеколог, рече Ристески.
Министерот без ресор Неждет Мустафа нагласи дека ромските информативни центри треба да бидат поажурни и да ги информираат Ромите за сите нивни права.
- Всушност центрите и за тоа се формирани. Освен тоа Ромите реагираат дека се дискриминирани од лекарите при третманот во болничкото лекување, особено од гинеколозите, изјави Мустафа.
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите резултати од изборите во Хрватска: ХДЗ освои 58 мандати, СДП и партнерите 44
-
Уапсен 33-годишен скопјанец, истепал полицајци во полициска станица
-
Истепан вработен на ЕВН во Глумово
-
Џафери славеше роденден, семејството го изненади со торта во Владата | ВИДЕО
-
Скопјанец ја истепал поранешната девојка и ѝ го украл накитот
-
24 годишник со „ренџ ровер“ се обидел да прегази полицајци
-
Полицајци одзеле канти со поликолор на момчиња кои пишувале графит
-
Избоден затвореник во прилепскиот затвор