Македонија
25. July 2020 - 16:40

Здружение од Струга постојана мета на крадци

Центарот за интелектуална попреченост Порака нова од Струга повторно мета на крадците.Овој пат како што велат преку таванот од канцеларијата од задната страна се обиделе да влезат при што направена е огромна штета. Во просториите затекнале импровизирана дневна соба а посотојано никнуваат и шатори пред самиот влез од страна на питачи и бездомници. Особено состојбата е алармантна во текот на летото, кога многу од нив доаѓаат од други градови.

Гаговска од Порака нова вели дека оставени се сами на себе да се справуваат со ваквите појави.

Центарот за подобрување на квалитетот на животот на лицата со интелектуална попреченост и нивните фамилии „Порака нова“од Струга кој поради состојбата со корона вирусот од 10 март е затворен опслужува околу 100тина корисници со интелектуална попреченост и нивните семејства, а Дневниот центар го посетуваат 18 лица.