Здружение на деца бегалци: Никој да не ги дели Македонците на егејци, вардарци и пиринци
Здружението на деца бегалци од Егејска Македонија побара Трифун Костовски да ја повлече својата изјава и да им се извини на сите егејци бидејќи, како што порачаа, тие се дел од македонскиот народ и се на еден начин ткивото на македонскиот народ.
- Не треба да има поделби помеѓу македонскиот народ и не смее никој во изјавите да ги дели граѓаните на вардарци, пиринци и егејци бидејќи сите ние живееме во една иста држава и треба заеднички да ја браниме и да ја зачуваме нејзината унитарност, велат оттаму.
Побараа во иднина да не се случи некој да ги навредува егејците бидејќи, како што рекоа, придонеле многу за македонскиот народ, иако се еден од неговите најранливи делови.
- Овој цвет што го поставивме денеска на споменикот на Децата протерани од монархо-фашистичка Грција, од диктатурата, е по повод 69-годишнината од нашите најмали деца кои беа протерани преку ноќ од Егејскиот дел и раселени низ целиот свет. Денеска протестираме против таквите случки што се случија во минатото и бараме да не се случуваат во иднина. За изјавите на Трифун Костовски и на генералот Атанасовски можам да кажам - да не го делите така македонскиот народ на егејци, на вардарци, на пиринци, како што успеа Европа да ја подели Македонија, рече Кире Стевановски, член на Здружението.
Бројните реакции ги предизвика изјавата на поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски којшто во интервју за Телевизија 21 изјави дека граѓаните од Егејска Македонија треба своите права да ги бараат во Грција, а не тука на територијата на Македонија.
Ново на Сител
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите