Македонија
24. November 2020 - 16:38

Здравството загуби 43 медицински сестри среде пандемија

На 43 медицински сестри од скопските болници им завршија договорите за работа. Во екот на пандемијата и големиот број хоспитализирани тие останаа дома. Една од овие медицински сестри е токму Азра Чајани чие лице истоштено и со лузни од маски, беше користено во кампања на министерот за здравство. По неколку месеци од кампањата, таа е приморана да остане дома и тоа во време кога има недостиг на медицински персонал.

Директорот на Здравствен дом Сопје за Сител вели дека договорите ќе им бидат продолжени до крајот на годинава. Се работело за процедура која во моментов е заглавена во здравствениот Фонд.

Овие медицински сестри се дел од проектот на Министерството за здравство со кој лани овој месец беа вработени 134 лекари и сестри, во службите за патронажа. Од нив беа токму овие 43 медициснки сестри во Здравствен дом Скопје. Со нив беа ангажирани и 7 млади доктори, но за нив нема информација дали се уште се вработени.

Во клиниките и ковид центрите се бара медицински персонал повеќе, бидејќи обемот на работа е значително зголемен. Преполни се болниците а лекарите и сестрите одамна се жалат дека се уморни. Дополнително од овие причини неколку доктори и сестри напуштија и преминаа во приватните болници. На листата невработени во Агенцијата се над 2300 лекари и сестри.

Видеа од Македонија