Македонија
30. March 2023 - 16:31

Здравствените работници добија ново ветување за повисоки плати

Утринската средба со синдикатите во министерството за здравство  и новото ветување дека идната недела ќе биде потпишан договорот за повисоки не ги предомисли здравствените работници да не протестираат. Во 5 до 12 повторно се собраа во голем број и уште еденаш и го искажаа незадоволството зошто речиси 6 месеци не се исполнува ветувањето за поголеми месечни приходи на сите вработени во јавното здравство.

-Се договоривме. По три илјади денари за сите сестри и по две илјади денари за сите останати од помошно-технички персонал, администрација, доктори, сите вработени во здравството да имаат бруто покачување со мартовската плата, изјави д-р Предраг Серафимовски, потпретседател на Синдикатот на Клинички 

Од најголемите синдикати во здравството очекуваат денешниот договор да биде офизијализиран со потпишување идната недела, зошто 11.000 здравствени работници според примањата ќе бидат изедначени со минималната плата. И денеска  од властите и менаџерите имало притисоци да не се собираат пред министерството, но и да се откаже протестот зошто биле обезбедени средства за повисоки плати.

-Очекуваме дека денешниот договор во најкраток период, во тек на наредната недела, ќе биде и официјализиран со потпишување, рече д-р Љубиша Каранфиловски, претседател на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита

Ова е втор протест во еден месец на здравствените работници за поголеми плати.

Иако претставниците на синдикатите изјавија дека здравствените власти треба да излезат и да го потврдат договорот и кога ќе се стави потпис, од кабинетот на Фатмир Меџити, ниту на ова прашање не добивме одговор.