Македонија
18. February 2021 - 16:47

Здравствените домови се подготвуваат за кинеската вакцина

Околу 200 медицински лица од Охрид ќе ја примат вакцината на Фајзер која прва пристигна во државата. Поради немањето на посебни услови за чување на вакцината на минус 70 степени во здравствените домови медицинарите кои се први по приоритет за вакцинација ќе бидат повикани во Скопје.

Охридскиот Здравствен дом е подготвен за имунизација. Обучен е персонал и подготвени се простории и протокол за вакцининирање против Ковид-19 во службата за превенција и здравствена заштита на деца и млади. 

Од Здрвствениот дом посочуваат дека вакцинирањето ќе го вршат четири тимови, на почеток ќе се вакцинира во една смена, а доколу има потреба ќе се организираат и две смени, за да се одговори на потребите на граѓаните.

Инаку околу 150 од Општата болница и 60-на здравствени работници од Здравствениот дом се во приоритетната група за имунизација против Ковид-19 во Охрид.