Македонија
21. October 2016 - 16:12

Здравствени услуги во модерни услови и побрза дијагноза кога сите клиники се во една зграда во новиот Клинички центар Мајка Тереза

После децениска работа во објект стар 80 години лекари од Интерните клиники се задоволни од распишувањето на тендерот за изградба  на новиот Клинички центар Мајка Тереза во Скопје. Професорите Александар Шиколе од Нефрологија и Бисерка Ќаева од  Пулмологија сметаат дека со изградбата на новиот објект во кој ќе бидат сместени 23 клиники  и лаборатории значително ќе се подобри ефикасноста,  ќе се скрати времето за сите дијагностички процедури, а квалитетот на лекувањето повеќекратно ќе се зголеми. Според нив медицинскиот персонал ќе има далеку подобри услови за работа, а најголем бенефит ќе имаат пациентите.

-Инфраструктурата го хендикепираше квалитетот во работата, тоа се одразуваше во време и правепе организациски проблеми. Кога ќе се изгради новиот клинички центар квалитетот на лекувањето повеќекратно ќе се зголеми, изјави проф. д-р Александар Шиколе, директор на Клиниката за Нефрологија.

-Ние чекавме досега ќе се стрпиме уште 4 години. Тоа е капитален објект, изјави проф. д-р Бисера Ќаева, директор на Клиниката за пулмологија.

Тендерот за изградба на новиот клинички беше објавен вчера, а градбата се очекува да почне на пролет. Ќе се изведува според најсовремените светски стандарди. Комплекост ќе се простира на површина од 47.000 м2, а целокупната инвестиција со опремата чини околу 128 милиони евра.