Здравствени аниматори ќе им помагаат на социјално загрозени семејства во Делчево, Виница и во селото Црник
Дванаесет здравствени аниматори обучени од невладината организација „Кхам“, ќе им помагаат на социјално загрозени семејства во Делчево, во пехчевското село Црник и во Виница, за остварување на нивните здравствени права во рамки на Програмата за здравство и здравствени права – интеграција на Ромите поддржана од Фондацијата отворено општество Македонија.
- Здравствените аниматори завршија дел од обуките, а паралелно ги посетуваат домовите каде разговараат со семејствата на кои им е потребна одредена здравствена помош или се судриле со некои неправилности при добивањето на некоја здравствена услуга, истакна Зоран Биковски од „Кхам“, координатор на програмата
Тој додаде дека секое прекршување на здравствените права, аниматорите ќе го пријавуваат до невладината организација „Кхам“, која понатаму ќе реагира до надлежните инспекциски служби.
Ангажманот на аниматорите е до јуни 2018 година.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација