Македонија
22. November 2019 - 16:39

Здравствената администрација и техничкиот персонал останува без решен статус

Промена на договорите за работа на неопределено време и зголемување на платите од февруари за 15 проценти. Ова ќе го добијат кофинансираните специјализанти кои во понеделникот протестираа и му поставија ултиматум на министереот за здравство за еден месец да најде решение. Филипче денеска најави дека нивниот проблем е надминат и во следниот период треба да биде изменет законот за здравствена заштита. Овие 130 лекари кои се на специјализација со кофинансирање ќе ги добијат и процентуалните зголемувања од годинава и од 2018, кои не завршиле на нивното конто поради сегашните договори. Покрај кофинансираните, Филипче вчера финансиски ги реши и приватните лекари запишани на специјализација пред три месеци.

-Лекарите запишани на специјализација на конкурсот 2019 ќе бидат за прв пат платени за нивната работа во февруари 2020 година со што ќе бидат изедначени со нивните колеги кои за првпат беа платени за нивната работа во 2018 година. За кофинансираните, пак, решивме да дојде до промена на нивниот договор на неопределено време и за тоа веќе подсготвуваме драфт верзија за измерна на законот за здравствена заштита, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче најави дека е почната и трансформацијата на работниот однос на неопределено време за повеќе од 1600 здравствен иработници кои работат со договор на дело. Дел ќе бидат решени до декември, останатите во 2020. За наредната година министереот за здравство вели дека ќе имаат најголем буџет кој ќе тежи 7,1 милијарди денари. Парите ќе ги трошат за реконструкции, лекови и нова опрема.

 За 2020 година предвидена е и набавка на медицинска опрема за јавните здравствени установи во државава. Завршени се постапките за набавка на медицинска опрема на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и апарат за компјутерска томографија за болницата во Струга и за оваа намена за следната година се предвидени 268 милиони денари. Значајно го зголемивме буџетот за ретките болести, првпат го обезбедивме лекот спинраза, пет нови лекови за пациентите со болеста Гоше, за посебни форми на леукемија, пулмонална фиброза и пулмонална хипертензија и буџетот за оваа ставка за 2020 година ќе изнесува 527 милиони денари, рече Филипче.

И додека Филипче најавува нови проекти а договдина како и повисоки плати за здравствените работници, засега се уште не е решен проблемот на здравствената администрација и техничкиот персонал кои не се опфатени со зголемувањата на платите. Тие најавуваат протести за наредната недела доколку не наидат на разбирање кај надлежните.