Македонија
4. February 2016 - 11:16

Здравствен дом Кочани со ново санитетско возило

Здравствениот дом од Кочани го збогати  сопствениот возен парк со ново санитетско возило марка „дачија дастер“.
 
Возилото е набавено со сосптвени средства од буџетот на Здравствен дом Кочани.
 
-Со средства во висина од еден милион и 400 илјади денари обезбедени од сопствениот буџет, успеавме да набавиме уште едно санитетско возило за потребите на Итната медицинска помош и на Здравствениот дом Кочани. Во моментот располагаме со доволен број на возила, односно три нови од кои, две се донација на Министерството за  здравство како и две постојни возила донација од Владата на Јапонија, истакна Иван Спанчевски, директор на Здравствен дом Кочани.
 
Паралелено со набавката на новото возило, во Здравствен дом Кочани се работи и на комплетирање на лекарските тимови за потребите на Итната медицинска помош.