Македонија
25. April 2016 - 17:09

Здравко Савевски од партијата ,,Левица‘‘ осомничен за учество во толпа

Продолжува идентификацијата на лицата кои на 13ти април ја демолираа Народната канцеларија на Претседателот и просториите на Министерството за правда. Снимките и фотографиите од настанот покажале дека во насилните протести учествувал и Здравко Савески од Левица кој утринава бил повикан на распит во полициска станица. Пријавен е за делото учество во толпа што ќе стори кривично дело. На снимките од медиумите се гледа како заедно со останатите учесници во протестот го каменува објектот, насилно влегува во него, одзема слики и ги пали пред камерите. Од неговата организација побараа да не му се одредува мерка притвор .

Според полициски извори за демолирањето на канцеларијата на претседателот денеска е пријавено и обезбедено уште едно лице. За истипот настан уште минатата недела приведени беа 13тмина.

Утврден е идентитетот и на уште две лица кои на 16ти април ја оштетувале Порта Макеоднија.

Народната канцеларија на претседателот, Министерството за правда и Порта Макеоднија се само дел од објектите кои изминатите денови беа на мета на демонстрантите од СДСМ, СОРОС и Беса. Надлежните најавија дека детално ќе бидат проверени сите видео записи од настаните и ќе бидат идентификувани сите кои го прекршиле законот.