Џет-Сет
4. јуни 2016 - 18:15

Здравјето ми е нарушено, десет години сум на хормонска терапија

По повод Светскиот ден на тироидната жлезда, кој беше одбележан на 25 мај, Јелена Розга открива дека веќе десет години има проблеми со таа жлезда. Тоа за неа е најдолгата битка во животот имајќи предвид дека се друго ѝ оди како „подмачкано“.

-Имам проблеми со тироидната жлезда веќе 10 години, затоа што сум преголем емотивец. Во оваа работа треба да се биде малку посилен од мене, вели Јелена во интервју за РТЛ.

Една од најпопуларните хрватски пејачки на сцената е речиси 20 години, но тоа има и своја цена.

-Здравјето ми е нарушено. Веќе 10 години сум на хормонска терапија, Eutiroxu 75 милиграми, но добро. Се уште сум под 100, вели Розга.

Пејачката додава дека за тоа зборува отворено за да ги поттикне другите девојки на искреност кон себе и кон другите. Вели дека не сака да глуми: „Најлошо е да ја лажете својата публика и навистина нема потреба за тоа. Вистината некако излегува на виделина“.

Розга, која е во среќна врска со Стјепан Хаусер од 2Челос, вели дека најтешко ѝ паѓа неправда и злоба.

-Алергична сум на тоа. Навистина сум алергична, ама што да правам,таква сум.

Најубаво се чувствува кога го минува времето со својот дечко и со пријателите.

-Конечно најдов маж кој ме чува како капка вода на дланка, работата ми оди, се е како што треба. Секако дека секоја нова песна е нов стрес, секоја песна е лотарија. Ама ете, имам феноменална екипа која ми помага и најдобро пријатели и родители кои се покрај мене за сето тоа полесно да го издржам, вели хрватската поп пејачка.