Џет-Сет
3. August 2017 - 20:14

Здравјето ѝ е загрозено: Српската пејачка драстично ослабела поради болест

Иако пејачката Катарина Грујиќ изгледа подобро од било кога, таа открила дека за тоа не е заслужна теретана, ниту липосукција, туку здравствен проблем.

Таа вели дека изминативе месеци била изложена на премногу стрес, што дури и менструалниот циклус почнал да ѝ доцни со недели. Гинеколот побарал од неа да направи преглед и установено било дека дека има хормонско пореметување.

На нејзиниот организам му недостасува хормонот естроген, поради што дошло до неверојатен колапс во организмот.

Пејачката ослабела дури 10 килограми.