Македонија
22. January 2020 - 16:52

Здравев бара обвинителството да ги истражи старите предмети чувани во Врховен

Се утврдува одговорноста за околу 30 предмети во Врховниот суд, по кои намерно или не, не се постапувало повеќе од три години. Иако за нив имало донесено одлука, предметите се чувале во фиока и чекале на потпис од судиите, по што некои од нив и застареле.

Судските предемети датираат од времето кога прв човек во Врховен беше сега разрешениот судија Јово Вангеловски. Тие се затекнати при примопредавањето на функцијата, од страна на сегашниот в.д претседател по што ведаш се алармирани соодветните судски тела.

“Не се сомневам во ништо, таа затечена состојба ја изнесов и пред Кривичниот совет и оддел, како што налагаат прописите и ЗКП, а моја законска обврска како в.д претседател беше да го известам Судскиот совет. Тие понатаму треба да утврдуваат одговорност и ако треба да преземат некои мерки доколку има пропуст...”

Од Судскиот совет, пак, велат дека првичната истрага за предметите кои се држеле во фиока треба да ја направи судот каде што се пронајдени.

“Прво очекуваме тоа да го направи в.д. претседателот на Врховен како што е редот. Ако од негова страна тоа него направи ние ќе преземеме конкретни мерки за утврдување на одговорност”

Затекнатите предмети во Врховен, за кои постои сомневање дека се држени под контрола во периодот од 2016-то па се до резрешувањето на Вангеловски во 2019-та, веќе се распределени кај други судии.

Според Здравев, со нивното непостапување поврдени се неколку права на странките, како што се судење во разумен рок.

Јово Вангеловски ја напушти претседателската фотелја во Врховен во септември, кога и се пронајдени предметите кои чекале на потпис од судиите.. Одговорот на жалбата на Вангеловски се очекува во наредниве две до три недели.