Македонија
23. January 2021 - 16:48

,,Здрав живот‘‘ во борба за враќање на еколошкиот статус на Кочани

Кочани го изгуби епитетот најеколошки град во земјата, што го имаше пред една деценија. „Црвенот аларм“ ги собра на едно место пчеларите, риболовците, планинарите, еколошките друштва и уште десетина други здруженија кои претставуваат различни категории на граѓани, за да го формираа координативното тело „Здрав живот“.

-Сите нивни барања што ќе ги оцениме како ургентни и важни, ќе бидат поддршани од сите здруженија кои сега зме присутни и кои најавија дека ќе се прилкучат на оваа иницијатива. Мислам дека заедно можеме многу повеќе, отколку секој поединечно- изјави Зоран Тодоров, координатор на „Зрав живот“- Кочани

„Здрав живот“ нема намера да критикува, туку да се стави во служба на граѓаните и локалните и националните институции, за полесно и побрзо надминување на проблемите.

- Да изградиме еден партнерски однос за да можеме да си го подобриме животот и животната средина- изјави Ефтимије Атанасовски- „Мобилност“- Кочани за помош на лица со телесен инвалидитет

Изминативе две години најгорлив проблем во Кочани беше аерозагадувањето кое во голема мера го предизвикуваше фабриката за хартија, која во моментот не работи. Сепак од кординативното тело велат дека тие се против затворањето на индустриските капацитети, но мора да работат по еколошки стандарди.

- Нас не интересира само чист воздух и ако можеме и на ним да им помогнеме им стоиме на располагање, а тоа е, дали да имаат субвенции за метан, дали да направиме гасовод за Кочани кој ќе биде добар за сите, дали ние како Здружение да собереме потписи и сето тоа да го бараме од централната власт- додаде Тодоров

Втор приоритет им е стопирање на градбата на хидроцентралата во близина на езерото „Гратче“, со што се загрозува природниот амбиент и туристичката атракција.