Здравје
15. January 2016 - 21:04

Здрав напиток кој ќе ви помогне да го стопите салото

Литар и половина вода и 4-5 см корен од ѓумбир е тоа што ви е потребно за овој чудотворен напиток.
 
Кога ќе станете наутро ставете ја водата на оган и варете ја дваесетина минути па потоа додадете ги парчињата ѓумбир во неа. Добиената ѓумбирова вода се пие во текот на целиот ден и секој ден без прекини (најмалку еден литар дневно).
 
Не правете големи залихи, туку секојдневно подготвувајте си нова ѓумбирова вода. Овој третман е препорачливо да го применувате најмалку шест месеци со цел да го прочистите комплетно вашето тело.
 
Носете ја ѓумбировата вода во термос секаде со вас и пијте ја преку целиот ден, голтка по голтка испијте ја целата приготвена вода.