Џет-Сет
18. August 2015 - 9:18

Збогум драг Арсен, Фала ти за се - Колегите се збогуваат со Дедиќ

Веста за смртта на легендарниот Арсен Дедиќ го потресе регионот и одекна со брзина на светлината. Неговите колеги се во тага и болка и не сакаат да се помират со големата загуба.

Тереза Кесовија, Неда Украден, Масимо, Јелена Розга и многу други се простија од својот колега и пријател.

На музичката легенда во болница и откажале органите. Тој почина на 77-годишна возраст.