Македонија
8. November 2018 - 11:49

Завршува реконструкцијата на делница од регионалниот пат Струмица-Банско

Завршува реконструирањето на делница долга два километри од регионалниот пат Струмица-Банско, која поминува низ населеното место Куклиш. На оваа делница се поставува нов слој асфалт, а увид во работите денеска изврши градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Според него реконструирањето, односно поставувањето нов слој асфалт, е мошне значајно бидејќи е барање на жителите на селото Куклиш.

– Граѓаните често ја спомнуваа како една од критичните делници, на која постојат и одредени опасности за безбедноста на граѓаните.Заедно со ЈП за државни патишта се заложивме да ја рехабилитираме  во што е можно покус рок. Дадовме ветување и јас сум задоволен што ова наша заедничка заложба денес финишира, рече градоначалникот Јаневски.

Работите на делницата ги изведува „Македонија пат“, дел од работите заврши и општина Струмица, а ќе биде подобрено и осветлувањето на ова делница. Покрај тоа ќе се изврши и тампонирање на банкините од патот. Градоначалникот Јаневски најави дека следен чекор е изградба на тротоари во зависнот од тоа каде е можно тие да се постават.