Завршува реконструкцијата на автопатот Велес - Скопје
За десетина дена завршува реконструкцијата на автопатот Велес - Скопје и тој ќе биде пуштен во употреба. Започнува реконструкација на два нови автопата и тоа Куманово-Скопје и Смоквица - Гевгелија, соопшти денеска премиерот Никола Груевски.
- Реконструкцијата на автопатот Велес - Скопје е во сам финиш. Треба да е готова за десетина дена. Се работи за инвестиција од седум милиони евра и за автопат долг 26 километри. Патот беше доста руиниран, имаше доста дупки, им правеше доста проблеми на возачите. За десетина дена би требало да е целосно завршен и пуштен во употреба, рече премиерот.
Најави почеток на реконструкција на два други автопата од Куманово до Скопје и вториот од Смоквица кон Гевегелија, инвестиција вредна 20 милиони евра. Реконструкцијата на Смоквица - Гевгелија, како што кажа, поради технички причини беше одложена, но сега веќе ќе започне.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација