Македонија
26. May 2016 - 8:08

Завршува проектот за имплементација на активните мерки и услуги за вработување

Во ЕУ Инфо центарот во Скопје денеска ќе биде заокружен твининг проектот за поддршка на Агенцијата за вработување во имплементација на активните мерки и услуги за вработување.

Проектот се спроведуваше во соработка со Министерството за труд и социјална политика на Сојузна Република Германија и Министерството за социјална сигурност и труд на Литванија.

Најавено е обраќање на германската амбасадорка Кристине Алтхаузер, директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски, како и на претставник на Европската унија и на постојаниот твининг советник Аксел Буергер.