Бизнис
12. October 2016 - 19:48

Завршува покривањето на прилепскиот пазар

Како дел од Проектот за реконструкција на Регионалните пазари во земјава, кој се реализира на иницијатива на Центарот за Развој на Пелагонсиксиот плански регион (ЦРППР), денеска, врз прилепскиот Градски пазар се пристапи кон третата и последна фаза за негово допокривање. Средствата во висина од 4.300.000 денари, ЦРППР и ЛС ги обезбедија од Бирото за регионален развој.

Прилепскиот Градски пазар се простира на површина од 5.000 метри квадратни и е еден од најстарите и најголеми зелени пазари во земјава, кој датира уште од турско. Последниве години, врз него се извршени бројни градежни зафати, со што стана еден од најсовремените зелени пазари.Само мината недела во употреба беа предадени 3 нови дукани, а до крајот на годинава ке бидат готови и уште три други.