Свет
1. July 2016 - 12:35

Завршува мисијата на ОН во Монровија

Мировната мисија на Обединетите нации во Либерија испратена во 2003 година по две крвави граѓански војни,  се повлекува.

Во составот на мисијата имаше 15.000 луѓе и во изминатите месеци нивната улога се намали откако контролата за редот беше префрлена на локалните сили за безбедност.

Сега во таа западноафриканска држава ќе останат 1.240 војници и 606 полицајци на ОН, но тие ќе може да интервенираат само во итни ситуации.

Либерија бавно ја враќа политичката стабилност по двете војни кои траеја 14 години.