Македонија
29. August 2018 - 8:47

Завршува 13. Меѓународна ликовна колонија „Скопје“

Со презентација на создадените ликовни дела, вечер во 20 часот во хотел Арка во Старата скопска чаршија свечено ќе биде затворена 13-та Меѓународна ликовна колонија „Скопје”.

На колонијата што ја организираат Музеј на Град Скопје, Град Скопје и Хотел Арка, годинава учествуваат десет ликовни уметници, по пет од Македонија и од странство. Секој од нив е оригинален и посебен според сликарската техника и стилската определба.

На колонијата учествуваа Ахмет Ерман Караѓоз од Северен Кипар, Брита Грасман од Шведска, Сара Дангис од Франција, Денис Јуриј Крашковиќ од Хрватска, Елизабета Маторкиќ од Србија, а од Македонија Крунислав Стојановски, Јана Јакимовска, Елизабета Аврамовска, Зарије Амдиу и Љупчо Бојаров.

Создадените дела ќе бидат изложени и на манифестацијата на Град Скопје за одбележување на Денот на ослободување на Скопје, 13-ти ноември.