Спорт плус
5. July 2018 - 15:00

Завршница за Светската одбојкарска лига на нации

На фудбалскиот стадион „Пјер Муроа“ во Лил, Франција, се игра завршницата од Светската одбојкарска лига на нациите. 
 
Шесте селекции се поделени во две групи од кои само последно пласираната нема да обезбеди место во разигрувањето за трофејот, односно полуфиналната рунда. 
 
Во првите натпревари одиграни синоќа, домаќинот Франција по голема борба ја совлада селекцијата на Бразил со 3:2, иако „триколорите“ имаа негатива по првиот и третиот сет.
 
Ова беше меч од А групата во која вечерва „Кариоките“ ќе го одиграат вториот дуел и тоа против Србија (од 20:45 часот). 
 
Селекциите на САД и Полска попладнево ќе го играат вториот меч од Б групата во која синоќа во првиот Русија забележа убедлива победа над Полска со 3:1 и направи голем чекор кон полуфиналето.
 
Според распоредот, утре ќе се одиграат последните дуели од групната фаза,додека полуфиналните средби се закажани за во сабота, а борбата за медали на програмата е во недела.