Македонија
1. јуни 2020 - 16:43

Завршни зборови на одбраната во „Рекет“ - „Рекет“ е театарска претстава и брутална политика

Обвинетиот Бојан Јовановски бара ослободителна пресуда за „Рекет“. Во својот завршен збор рече дека е облечен во бело како Тито бидејќи е идниот лидер на државата. Судењето го нарече политички прогон поради што и 11 месеци останал во притвор. За Јовановски, обвинението за „Рекет“ е политички прогон без докази со бројни шпекулации и полувистини. Повтори дека во неговиот мобилен телефон се кријат важни информации па затоа обвинителството одбило да го вештачи.

„Има докази од мојата комуникација со поранешниот премиер Заев кој ми признава дека СЈО не требало да го отвори „Империја“, бидејќи осомничените во предметот требало да влијаат врз пратеници за да гласаат за уставните измени“, истакна Јовановски во судницата.

Негираше дека чантата „Луј Витон“ полна со пари завршила кај неговите родители. Ја спореди со своите чанти и рече дека една од нив е на сликата што ја покажало обвинителството, ама сосем различна од таа на снимките.

Според адвокатот на Јовановски „Рекет“ бил брутално насилство врз правото бидејќи обвинителството не успеало да ги докаже дејствијата на обвинетите.

Судењето за „Рекет“ продолжува утре со завршни зборови на Катица Јанева и нејзините адвокати по што се очекува и пресуда за случајот.