Бизнис
29. јуни 2016 - 8:56

Завршната сметка на Буџетот за 2015 пред матичната собраниска комисија

Предлогот -завршната сметка на Буџетот на Република Македонија за 2015 година денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Врз основа на документот на завршната сметка на Буџетот објавен на веб-страната на Собранието, од планираните 166.842 милиони денари остварени се 161.172 милиони денари. Од планираните вкупни расходи 186.981 милиони денари остварени се 180.632. Остварениот дефицит е 19.460 милиони денари, додека приливот на средствата 47,881 милиони денари, а одлив, односно отплата на главнина 28.421 милиони денари.

Во Собранието на Република Макеоднија денеска седници ќе одржат и комисиите за здравство, за труд и социјална политика, за одбрана и безбедност, за прашања на изборите и именувањата, како и Законодавно-правната комисија.

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата треба да утврди Предлог-одлука за разрешување од функцијата на заменик на генералниот секретар на Собранието. Исто така треба да биде утврдена Предлог- одлука за изменување на одлуката за разрешување и избор на претседател и членови на Советот на научно- културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

На дневен ред на Комисијата за здравство е Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за здравствено осигурување, по скратена постапка во второ читање.

Комисијата за труд и социјална политика ќе ги  разгледува  измените и дополнувањета на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, по скратена постапка во второ читање.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените на Законот за полиција и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи, двата по скратена постапка и во второ читање.

Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.