Македонија
19. July 2015 - 16:58

Завршна вечер на Пивофест - Фестивалот руши рекорди

Пред вечерашната кулминативна вечер на годинашниот 13-ти по ред “Пивофест 2015”, кога настапуваат Ален Хасановиќ, незаменливата Гоца Тржан и единствениот миленик на сите генерации Дино Мерлин, синоќа, вистинска ерупција на задоволство со настапите на легендарните Неда Украден и Оливер Драгојевиќ, кои и буквално ја запалија илјадната публика во Прилеп.
 
Инаку, ако се суди според она што во градот под Марковите Кули се случуваше во изминатите три  фестивалски денови, несомнено, и без лажна скромност може да се каже дека Прилеп и “Пивофест” дефинитивно се единствената вистинска летна атракција не само за Македонија, туку и за Балканот, што се потврдува и со се побројното присуство на посетители од многу балкански, но, и европски земји. “Пивофест 2015” завршува вечерва, а импресиите се дека на Прилеп му треба поголем процтор за идните изданија на Фестивалот. Е, па “На здравје Прилеп”.