Завршна конференција за „Програмата за (само) вработување самохрани мајки“
Проектот „Програма за (само)вработување на самохрани мајки“, финансиран од Европската Унија, што се спроведуваше годинава во Скопје, Битола и Штип, денеска ќе биде заокружен со завршна конференција.
Програмата на проектот спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, беше наменета за подготовка и унапредување на компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд.
Во рамки на проектот се реализираа обуки за развој на бизнис вештини, организирани во пет модули, како и вокациски обуки, како одговор на потребите на учесничките, но пред се во согласност со добиените сознанија, од компаниите вклучени во проектот, за потребните вештини, според нивна проценка, за компетитивност и подобра вработливост. Вокациските обуки, беа за унапредување на компјутерските вештини,во Штип за базична компјутерска едукација, а во Скопје и Битола за напредни компјутерски познавања.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море