Бизнис
7. December 2017 - 8:49

Завршна конференција за „Програмата за (само) вработување самохрани мајки“

Проектот „Програма  за  (само)вработување  на  самохрани  мајки“, финансиран  од  Европската  Унија, што се спроведуваше годинава во Скопје, Битола и Штип, денеска ќе биде заокружен со завршна конференција. 

Програмата на проектот спроведуван од Бизнис конфедерација на Македонија, Здружението на бизнис жени и Институт за менаџмент поддршка, беше наменета за  подготовка и унапредување на  компетентноста на жените самохрани мајки на пазарот на труд.

Во рамки на проектот се реализираа обуки за развој на бизнис вештини, организирани во пет модули, како и вокациски обуки, како одговор на потребите  на учесничките, но пред се во согласност со добиените сознанија, од компаниите вклучени во проектот,  за  потребните  вештини,  според  нивна  проценка,  за  компетитивност  и  подобра вработливост. Вокациските обуки, беа за унапредување на компјутерските вештини,во Штип  за базична компјутерска едукација, а во Скопје и Битола за напредни компјутерски познавања.