Македонија
5. November 2015 - 8:19

Завршна конференција за проектот за зајакнување на капацитетите во затворите

„Изградба на капацитетите на агенциите за спроведување на законот за соодветен третман на притворените и осудените лица“  е проект финансиран од ЕУ и спроведуван од Советот на Европа, за кој денеска во Скопје ќе се одржи завршна конференција.

Проектот се фокусира на две главни компоненти - казнениот систем и полицијата. Целта е зајакнување на организациските и раководните капацитети на затворите за да се обезбеди целосна заштита на човековите права во односот со притворените и осудените лица. Во однос на полицијата со проектот треба да се постигне развој на капацитетите за обезбедување професионалност која ќе гарантира целосно почитување на фундаменталните права на притворените лица.