Македонија
28. јуни 2021 - 20:29

Завршна конференција од проектот „Јакнење на капацитетите на институциите во борбата против корупцијата“

Транспаренси интернешнал го финализираше проектот за јакнење на капацитетите на институциите во борба против корупцијата. На завршната конференција вицепремиерот за борба против корупција истакна колку е важна меѓусебната соработка и дејствување во справувањето со најголемото зло во државата. Николовски смета дека координативната улога на сите институции е клучна во борбата против корупцијата. Од особена важност е дигитализацијата и поврзувањето на сите над 1000 институции што според него ќе придонесе да нема одлагање, држење предмети туку по електронски пат ќе ги сервисираат граѓаните.

Проектот е поддржан од УСАИД и има за цел да го зајакне владеењето направото и транспарентноста преку соработка меѓу институциите. Од особено значење според говорниците е да има заеднички акции и да се вклучи и меѓународното искуство.