Завршна конференција „Мерки за поддршка на млади на локално ниво“
Завршна конференција на тема „Мерки за поддршка на млади на локално ниво – успешни локални приказни“ како дел од проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ финансиран од Европската унија, ќе се одржи денеска во Пробиштип.
На конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, најдобрите практики од пилотираните мерки од областа на младинските политики на локално ниво од општините Пробиштип, Чашка и Старо Нагоричане.
Во рамки на конференцијата ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Соработката помеѓу граѓанските организации и локалните власти со цел вклучување на младите на пазарот на труд“.
Проектот „Градење на локални капацитети за креирање на младински политики“ има за главна цел да ги вклучи младите во процесот на одлучување и поставување на механизми за долгорочен развој и имплементација на локални младински политики.
Проектните активности се реализираа во времетраење од 18 месеци, а ги имплементираа партнерските организации Фондација Претприемачки сервис за млади и Фондација Евро Центар, во соработка со општините Чашка, Пробиштип и Старо Нагоричане.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата