Спорт плус
21. May 2017 - 9:09

Завршија Универзитетските спортски натпревари на УКИМ

 
 
По нешто повеќе од три месеци натпреварување и официјално завршија Универзитетските спортски натпревари на студентите од факултетите при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. 
 
На самата завршница која се одржа во спортската сала „Македонски Херои“ при Факултетот за физичко образование спорт и здравје, пред свеченото доделување на медали се одиграа и финалните натпревари во машка конкуренција во три спорта. 
 
Годинава на игрита настапија речиси 1.000 студенти од 19 скопски факултети, во двете конкуренции (мажи и жени) во спортовите: мал-фудбал, кошарка, ракомет, одбојка, стрелаштво, пилг-понг и шах. 
 
Очекувано на крајот најуспешни беа „дифовци„  односно студентите на Факултетот за физичко образование спорт и здравје, кои освоија фкупно 9 медали од кои 8 златни и 1 сребрен. 
 
Токму затоа Факултетот за физичко образование, спорт и здравје го понесе признанието и за „Најуспешна факултетска екипа“, додека екипата на Машински факултет во мал-фудбал ја доби наградата за „Фер-плеј“.
 
Ректорот на Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Проф. д-р Никола Јанкуловски честитајќи им на побендиците, но на сите учесници и во лигата истакна дека е задоволен од ангажманот на студентите, но и професорскиот кадар, деканските управи на факултетите кои со својот ангажман придонеле за зголемување на бројот на студентите кои партиципирали во натпревраувањето.
 
„Особено ме радува што од година во година се поголем број на студенти се учесници во ова натпревраување, со што се зголемува и квалитетот на натпреварите. Не случајно на сите факултети се воведен и задолителни часови по спорт и здравје. Впрочем, преку спортот било тоа рекреативен или професионален и добрата едукација може да изградиме идни квалитетни генерации кои треба да бидат двигател на нашата земја“, изјави Јанкуловски.  ит/
 
Универзитетска лига на УКИМ, распределба на медали: 
 
МАЛ ФУДБАЛ-МАЖИ: 
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Стоматолошки факултет
 
КОШАРКА-МАЖИ 
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Правен факултет „Јустинијан Први“
 
КОШАРКА-ЖЕНИ
1.место   Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место   Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место   Медицински факултет
 
РАКОМЕТ – МАЖИ
1.место  Факултетот за физичко образование спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Машински факултет
3.место  Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
 
РАКОМЕТ - ЖЕНИ
1.место  Економски факултет
2.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
 
ОДБОЈКА - МАЖИ
1.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место  Медицински факултет
 
ОДБОЈКА - ЖЕНИ
1.место  Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Медицински факултет
 
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – МАЖИ    
1.место  Јаневски Леон, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство
2.место  Несторовски Томе, Факултет за земјоделски науки и храна
3.место  Бранковски Борјан, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
 
СТРЕЛАШТВО СО ВОЗДУШНА ПУШКА – ЖЕНИ
1.место  Балабан Нина, Правен факултет „Јустинијан Први“
2.место  Килич Фатма, Медицински факултет
3.место  Милошевска Сандра, Филозофски факултет
 
ПИНГ-ПОНГ – МАЖИ
1.место  Апостолоски Живко, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
2.место  Стомнароски Антонио, Природно-математички факултет
3.место  Петковски Мики, Фармацевтски факултет
 
ПИНГ-ПОНГ – ЖЕНИ
1.место  Иванова Ангелина, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
2.место  Угриновска Ангела, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Талевска Ана, Фармацевтски факултет
 
ШАХ ТУРНИР     
1.место Беатовиќ Бојана, Правен факултет „Јустинијан Први“ (севкупен победник)
 
(ШАХ само машка конкуренција)   
1.место  Георгиевски Доне, Фармацевтски факултет
2.место  Стојчевски Мартин, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)
3.место  Лазаревски Предраг, Градежен факултет
 
ТЕНИС – МАЖИ
1.место  Иванов Коста, Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Јанкоски Кристијан, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
3.место  Јосифоски Игор, Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ)
 
ТЕНИС – ЖЕНИ
1.место  Алексиќ Јелена, Факултет за физичко образование, спорт и здравје (ФФОСЗ)
2.место  Котевска Тамара, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФИНКИ)
3.место  Илиевска Тијана, Факултет за електротехника и информациски технологии (ФИНКИ).