Завршија обуките за користење на компостерските машини во Пробиштип
![]()
По поставување на двете компостерски единици, заврши и обуката на претставници на ресторани, хотели и институции кои ќе одлагаат органски отпад во нив, информира Марија Митева од Општина Пробиштип. Обуките се дел од проектот „Биоотпад“во кој партнер е Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип.
– Оваа обука беше реализирана во два дела. Теоретскиот дел е спроведен од професорката Марија Хаџи Николова, екстерен експерт по работен пакет четири. Таа пред претставниците ги претстави основните цели на проектот, што претставува процесот на компостирање, зошто е добро да се компостира, пионерските чекори во процесот на рециклирање. Акцент беше ставен на главната цел, а тоа е заштита на животната средина, вели Митева.
![]()
Таа додаде дека со помош на летоци и презентација јасно е назначено кој органски отпад може и смее да се става во компостерката, а кој не смее и не може.
-Техничките лица за УГД и за Општина Пробиштип по работен пакет професорите Ѓорѓи Димов и Марјан Михајлов укажаа на важноста на овој пионерски проект во менувањето на навиките, давањето пример на градот, заедницата и воопшто на државата, бидејќи овој проект може да се рашири како една добра пракса низ цела Македонија, вели Митева.
![]()
Придобивките од проектов е што органското ѓубриво ќе може да се користи за јавните површини на општината, но и промена на навиките на луѓето во справувањето и сепарацијата на отпадот. Проектот се реализира преку програмата „Балкан Медитеран“ и ќе трае до 31 мај 2020 година.
Ново на Сител
-

Обрадовиќ повеќе не е тренер на КК Црвена Звезда
-

Трамп го уверил Нетанјаху дека секој конечен договор со Иран ќе го вклучи и иранското нуклеарно досие
-

Уапсен тетовец кај Фонтана во Градски парк, физички нападнал полицаец
-

Мицкоски: Народ кој не ја познава својата писменост лесно станува туѓ во сопствената историја
-

18-годишник со автомобил излетал од патот и тешко се повредил
-

Во летниковец на Средно Водно пронајдено безживотно тело на 64-годишен маж
-

Константин Филозоф – св. Кирил: 42 години живот и дело што се памети 12 века
-

Уапсен водич во автобус од Косово, пробал да подмити полицајци со 50 евра
