Ракомет
25. March 2017 - 22:00

Завршија натпреварите од ракометната Супер лига

Со двата натпревара одиграни вечерва заврши ракометната Супер лига, а од следниот викенд ќе продолжи шампионатот преку плеј офот со тоа што сега ќе се вклучат и екипите на Вардар и на Металург, кои досега играа во СЕХА лигата.

Резултати на дуелите од 18.коло: Прилеп - Металург 2 36:36, Радовиш - Охрид 25:33, Пролет - Борец 32:28, Пелистер - Вардар Ј 37:26 и Работник Еурофарм - Работнички 31:26.
Табела: Охрид 43, Пелистер 43, Работник Е. 40, Борец 29, Радовиш 25, Пролет 25, Прилеп 24, Металург 2 19, Вардар Ј 14, Работнички 0.
 
Четироте првопласирани екипи ќе играат во плеј офот, додека другите шест ќе продолжат во плеј аутот со тоа што освоените бодови (од меѓу себните дуели) се пренесуваат.