Свет
5. јуни 2017 - 14:42

Заврши заложничката драма во Мелбурн, две лица загинаа

Австралиската полиција соопшти денеска на својот налог на Твитер дека заложничката криза во Мелбурн е решена и оти е убиен човек, кој ја држел жената против нејзина волја во еден стан.

Весникот „Аустрелијан“ пишува дека во пукотницата во текот на заложничката криза во прегдрадие во Брајтон загинаа две лица, а двајца полицајци се повредени. 

Најпрво се слушнала експлозија по што е повикана полицијата. Потоа се слушнале и пукотници, а кога полицијата стигнала на лице место во фоајето на зградата пронашла тело на маж. 

Канал Седум објави претходно дека неидентификуван маж ја повикал станицата и оти наводно рекол: „Ова е за Исламска држава, ова е за Ал Каеда“. Во позадината се слушнала вознемирена жена. Засега нема официјална потврда за автентичноста на повикот.