-->
-->
Заврши воената вежба „Славјанско братство 2016“
-->
На српскиот воен полигон „Пасуљанске ливаде“ денеска беше одржана техничко-тактичка вежба, со која успешно завршија воените маневри „Славјанско братство 2016“.
Во вежбата одржана на воените аеродроми и полигони во Србија учествуваа 212 руски војници, 56 војници од Белорусија и 450 војници од Србија. Вежбата беше фокусирана на способноста за борба против тероризмот.
На денешната вежба присуствуваше и српскиот претседател Томислав Николиќ, кој посочи дека „во борбата против тероризмот имаме заеднички интерес и нема држава, која нема интерес да се бори против тероризмот“.
Вежбата почна на 3 ноември и траеше до денеска на аеродромите и полигоните на армијата на Србија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари