Македонија
14. January 2020 - 16:42

Заврши Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските на двете друштва Горна и Долна, се спушти завесата на Вевчански карневал.

Со палењето на маските вевчанци веруваат дека го избркале злото и дека ќе имаат среќна и бериќетна година. Уште од утре тие ќе почнат да планираат во што ќе се маскираат следната година.

Туристите уживаа во карневалската магија која е спој на паганското и современото.

На карневалот кој има интренационален дух со свои маски низ вевчанските сокаци продефилираа и учесници од  Бугарија и Србија .

Маските се чуваат во најголема тајност и никогаш не се повторуваат на некој од наредните карневали.

„Вевчанскиот карневал“ е манифестација која преку различни маски, со критичен и сатиричен осврт пренесува пораки за настаните што се случија во текот на претходната година во земјата, регионот, но и во светот.