Македонија
22. July 2019 - 16:26

Заврши вештачењето на мобилниот телефон на Катица Јанева, ЈО не открива што е пронајдено

Заврши вештачењето на телефонот на Катица Јанева. Како што информираат од обвинителството за Сител, извештајот веќе е во рацете на обвинителката Вилма Рускоска но што има во него, како во интерес на истрагата нема да соопштат во овој момент.

Од таму додаваат дека засега истрагата за случајот рекет се уште не е проширена на други лица.

Од обвинителството за Сител потврдуваат дека од ден во ден расте бројот на бизнисмени кои пријавуваат дека биле жртви на рекетарската група, но до овој момент тие не инволвирале други лица во своите пријави.

Обвинителката Рускоска викендов во интервју за Сител потврди дека обвинителството се уште го нема вториот телефон на Катица Јанева и дека нејзиниот син на истражителите им рекол дека мобилниот е загубен во Белград.
Опозицијата и денеска побара притвор за поранешната специјална обвинителка.

Власта останува на ставот дека случајот рекет е доказ за неселективноста во борбата со криминалот и уште еднаш повикаа на целосно расветлување на случајот.
Брза разврска побара и шефот на државата

Обвинителката Рускоска во ТВ интервју потврди дека обвинителството располага со снимки на кои може да се види дека додека Боки 13 разговарал со бизнисменот на интерфон била вклучена и јавната обвинителка.

Минатата недела полицијата по налог на обвинителството ги приведе Боки 13 и Зоран Кичец под сомнение дека ректирале бизнисмени заканувајќи им се со кривичен прогон од СЈО.

Боки 13 и Зоран Кичеец добија по 30 дена притвор, а обвинителката Катица Јанева си поднесе оставка на функцијата.